Љубовта навистина боли…

popara13 јули, 20141min00
4

Секој на кого му било „скршено“ срцето ќе се сложи со изјавата дека љубовта боли. Дури и ако по љубовта срцето не ви е скршено, се создава анксиозност во раните фази кога нè „јаде“ она добро познато прашање дали партнерот се чувствува исто како и ние.

Сега научниците нашле докази дека љубовта е навистина болна, бидејќи откриле дека окситоцинот кој е одговорен за поврзувањето со другите луѓе и за романтичните чувства има голема улога и во стравот и во анксиозноста.

Истражувањата покажале дека окситоцинот има функција да ги регулира социјалните чувства и да ги смести во соодветна област на мозокот, а ако тоа чувство е болно и вознемирувачко, овој хормон ќе ја активира областа во мозокот која ќе го интензивира тоа негативно чувство.

Заклучок е дека хормонот која ја прави љубовта убава е задолжен и за болката која останува потоа. Окситоцинот го зајакнува стравот во стресни ситуации и нè прави почувствителни на овие дразби.

Исто како и љубовта, и окситоцинот може да нè подигне многу високо, но и да нè спушти многу ниско, бидејќи хормонот на љубовта стои зад најубавите и најемотивните моменти во врската, но и зад најдобрите љубовни бродоломи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *