
Овој 29-годишен мечок во зоолошката градина е веќе две децении, а откако Пелуса починала тој не бил во контакт со својот вид.
Експертите се согласуваат дека однесувањето на Артуро не е вообичаено, а активистите повикуваат на тоа Артуро да биде преселен некаде каде што ќе му биде поубаво и каде што ќе има адекватни услови за живот. Во Аргентина тој живее на топлиот бетон, додека температурите се движат до 40 степени.
Во својот предел Артуро има базен со ладна вода, кој е долг само 50 сантиметри. Минатата година требало да биде преселен во една зоолошка градина во Канада, но аргентинската зоолошка го блокирала обидот “бидејќи Артуро не би го преживеал патот до таму”.
Greenpeace собрале повеќе од 160.000 потписи за Артуро да се пресели во Канада. Но се’ уште ништо од тоа.
Експертите велат дека по неговото однесување се гледа дека нешто не е во ред, и дека има голем стрес, пишува Daily Mail.
httpv://www.youtube.com/watch?v=A_HeschSqss
httpv://www.youtube.com/watch?v=JKkXs2AVPvw