
Иако во односот кон “седмата сила” е поприлично ладнокрвен, а понекогаш дури и брутален, финскиот возач на Формула 1, Кими Раиконен, е вечна мета на медиумите, не само после неговото враќање во Формула 1 туку и особено откако тој стана повторно дел од екипата на Ферари.
Овој пат, непосредно пред Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун, британскиот “Sky Sports” организираше уникатна трка на поранешните возачи на Формула 1, а сега спортски коментатори, a дел од оваа трка беше и Кими Раиконен. Овие врвни Формула 1 возачи седнаа токму позади воланот на косилки за трева.
Зад воланот на косилките против асот на Ферари се најдоа Мартин Брундле, Џони Херберт и Ентони Дејвидсон. Погледнете:
httpv://www.youtube.com/watch?v=WJ4f-hlZGK4