
Ник Ламб (13) спиел сам во куќата во Индијанаполис, без да знае дека куќата гори. Момчето не можело ништо да слушне бидејќи било глуво и спиело без апарат за слух.
Неговиот 2 годишен питбул влегол во собата во која момчето спиело и почнал да го буди.
Моето куче ме лижеше по лицето и ме разбуди. Му реков да престане, мислев дека е гладен или сака да излезе. Ништо не можев да слушнам бидејќи не го носев апаратчето – изјавил Ник.
Кога момчето сфатило дека куќата гори, ги покрило устата и носот со маица и заедно со кучето излегле надвор.
Ми го спаси животот. Сега уште повеќе го сакам, вели момчето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=o-6–fGd8ts