
Тоа што ова мало тригодишно девојче има направено, прво ќе ве расплаче, а потоа ќе ве натера да се замислите и превземете нешто да направите да стане овој свет подобро место за живеење.

Иако таа ги сака истите работи како останатите девојчиња на нејзина возраст: убави фустани, лакирани ноктиња, кармин, принцези од бајките, таа одлучила да направи нешто многу драгоцено за децата кои не се среќни како неа, за дечињата болни од рак.

Всушност, Емили одлучила да ја скрати својата преубава, долга коса и истата да ја донира за перика која ќе ја користи некое дете кое со хемотерапија се бори против оваа сериозна болест.

Дури и нејзината најдрага кукла Доли учествувала.
Голема поддршка и дале и нејзините родители, и вујко ѝ, како фризер, кој ја имал најтешката задача.
httpv://www.youtube.com/watch?v=iwQZggdZrOo