
Во денешната статија ќе посветиме внимание на новите фризури на две дами од музичката индустрија – Рита Ора и Гвен Стефани.
23 годишната Рита покажа храбра трансформација на имиџот. Таа избрала драстично омбре, при што русите нијанси нежно преминуваат и се преливаат во богата палета пастелни ноти.
Со боите на виножито во косата Рита повторно покажа дека е една фантастична експериментаторка, храбра и различна.

Уникатната Гвен Стефани и нејзиниот препознатлив гранџ стил повторно се една од најдискутираните теми во светот на модата. Овој пат таа го привлече вниманието со фарбањето во црна боја на платинестите врвови на косата.
