
Еве неколку факти кои може да им помогнат на пушачите да почнат да размислуваат да ги откажат цигарите.
20 минути откако ќе престанете – првиот ефек кој се појавува 20 минути по последната цигара е намалување на крвниот притисок и пулсот.
24 часа по прекинот – пушачите имаат 70 проценти поголема шанса за срцев удар. Само еден ден по прекинот на пушењето ризикот почнува да се намалува.
48 часа по прекинот – се обновуваат сетилата за мирис и вкус.
Три дена по прекинот – во овој момент телото целосно ќе се исчисти од никотин. Меѓутоа, последиците од никотинот ќе останат некое време. Можни се физички симптоми како што се главоболка, вртоглавица и грчеви.
Месец до девет месеци по прекинувањето – белите дробови се многу поотпорни на инфекција.
Една година по прекинувањето – ризикот од срцеви заболувања е намален за 50 проценти.