Оваа самоуверена, успешна и моќна жена ќе ви ја открие својата тајна!

popara10 декември, 20141min00
8

Како најмоќна жена на денешницата и достоен пример, ова се 10-те најинспиративни мисли кои ја оформиле Бијонсе онаква каква што е денес.

1. Сопствената вредност ја утврдуваме самите. Нема потреба да зависиме од тоа некој да ни каже кои сме и колку вредиме.

2. Најатрактивната работа која една жена може да ја носи на себе е самодовербата.

3. Ако сè беше совршено, никогаш немаше да учиш и напредуваш.

4. Моќта не ти е дадена. Мора сам да ја зграпчиш.

5. Кога не се чувствувам најдобро се прашувам: „Што ќе преземеш околу тоа?“ Ја користам негативната енергија за да се трансформирам во нешто многу подобро.

6. Ако направи сè што е во твоја можност и сè уште не ти се случува она што го сакаш, излези и почувствувај ја забавата. Облечи го најжешкиот фустан кој го имаш и продолжи понатаму.

7. Треба да го промениме начинот на кој се гледаме себеси. Треба да направиме чекор напред и како жени да го преземеме водството.

8. Мојата најголема лекција во животот е да не се фокусирам на естетиката. Суштината е во тоа кој си. Човечноста, тоа те прави прекрасен.

9. Не морам да докажам ништо на никого. Треба само да го следам моето срце и да се сконцентрирам на она што сакам да му го пренесам на светот. Јас го водам мојот свет.

10. Прави го она за што си роден. Само треба да веруваш во себе.