Гледањето на рака е древна уметност, која била пракса на многу народи од далечните времиња. Величествената Мерлин Монро исто така се потпирала на гледање, а денес и вие ќе можете да се обидете.
Љубопитни ли сте да дознаете што зборуваат линиите на дланката за вас и вашиот живот? За да ги интерпретирате и да дознаете повеќе за својата иднина потребно е да ги препознете различните линии на дланката. Во оваа статија ќе ви покажеме што стои позади четририте основни линии-линија на срцето, на умот на животот и на судбината (не секој ја има).
Прво, за да започнете со гледањето, треба да ја изберете доминантната рака – таа со која пишувате. Имајте во предвид дека опишаните видови на линии се повеќе од прикажаните на сликата.
Линија на срцето
Се верува дека оваа линија посочува на емоционална стабилност, ги покажува љубовните перспективи, склоноста кон депресија и состојбата на срцевото здравје. Расположена е во горниот дел на дланката. Во зависност од должината и формата, линијата на срцето има различни значења.
-од малиот прст до покажувачот – најверојатно ќе имате несреќа во љубовниот живот
-од малиот прст до средниот прст – вие сте себични во љубовните односи
-започува од средината – лесно се вљубувате
-права и кратка – имате слаб интерес кон романтиката
-ја допира линијата на животот – вашето срце може лесно да биде скршено
-права и паралелна на линијата на умот – имате подобра контрола врз емоциите
-круг на линијата на срцето – склоност кон депресија
-прекината линија – ќе доживеете емоционална траума
Мали линии, кои ја пресекуваат линијата – ќе доживеете емоционална траума.
Линија на умот
Оваа линија го открива начинот на учење, на комуникација, интелектот и жеддта за знаење. Линијата на умот се наоѓа под линијата на срцето. Заоблената линија се поврзува со креативност и спонтаност, додека правата линија е со практичен структуиран пристап.
-кратка линија-преферирате материјални достигнувања пред духовните
-изиткана и коса линија – креативни сте
-одвоена од линијата на животот – имате авантуристички дух и ентузијазам кон животот.
-брановидна линија – имате краткотрајно внимание
-длабока и долга линија – имате избистрено и фокусирано размислување
-права линија – реално размислување
-кругови или крстови по главната линија – сколни сте кон емоционални кризи
-прекината линија на умот – имате неконзистентно размислување
-многу крстови во линијата – ќе земете многу важни одлуки.
Линија на животот
Таа се одразува на физичкото и ментално здравје, како и големи промени во животот. Оваа линија почнува во близина на палецот и продолжува надолу кон зглобот. Обратно од тоа што повеќето луѓе мислат, нејзината должина не ја означува должината на животот.
-се извива блиску до палецот – често сте уморни
-брановидна – имате многу енергија
-долга и длабока – природни сте
-кратка и плитка – може да бидете изманипулирани од другите
-се спушта во полукруг – поседувате сила и ентузијазам
-права и поблиску до крајот на дланката – претпазливи сте, што се однесува до врски
-круг во линијата – склони сте кон болести и повреди
-прекината – склони сте кон ненадејни промени во начинот на живот.