Славниот Хотел George V во Париз, дел од познатиот синџир на хотели Four Seasons, веќе со години пречекува посетители од целиот свет, а неговата популарност со текот на времето незаприливо се зголемува. Хотелот George V кој е изграден во 1928 година, и само неколку чекори оддалечен од легендарната улица Шанзелизе, на гостите им нуди удобно сместување во пространите соби уредени во традиционален француски стил.
Во овој хотел со 5 ѕвезди, постојат 244 соби од различни категории расподелени на осум ката. Собите од категорија Супериор, Делукс и Премиер со површина од 37 до 60 метри квадратни имаат комфорно место за работа и опуштање, луксузни бањи, единствени уметнички дела и дизајниран мебел. За оние кои сакаат екслузивен одмор и квалитетна делукс услуга, хотелот нуди 8 апартмани и пентхауси чии врати беа неодамна отворени за гостите.
Во хотелот се наоѓа светски познатиот ресторан “Le Cinq”, познат по најдобрата услуга и најубав ентериер.
Спа центарот на Хотелот George V е еден од најлуксузните во Париз и нуди уникатни третмани за сите посетители.