Жената се познава по карминот! Проверете каква жена сте вие

popara3 август, 20141min00
1

Постојат многу начини на кои психолозите можат да го утврдат профилот на жената – по облеката, по пијалокот кој го пие, по одењето… Излезе дека можат и по карминот! Да, многу чудно, но според нив начинот на нанесување издава многу за карактерот. Ајде да видиме. Извадете го карминот од чантата, отворете го и видете го неговиот облик (само да не е чисто нов) со кој број од сликата се совпаѓа.

  1. Ако карминот ја задржал својата малку изострена форма, значи станува збор за практична, сигурна жена која знае што сака. Делува веднаш и не губи време за ситници. Освен тоа таа е многу добра и во кревет.
  2. Рамномерно заоблениот кармин зборува за ладнокрвна жена која ги должи успесите најмногу на нејзината сигурност и планирање. Секогаш е неколку потези напред. Самостојна, може да се грижи за себе, силен карактер. Единствено што и недостасува е уште малку смисла за хумор.
  3. Карминот со нејасна форма зборува за дама која се грижи и за најмалото нешто. Многу емоционална, да не кажеме и премногу. Но многу често пред другите става маска на уверена жена. Обожава романтика.
  4. Карминот, заострен како молив, зборува за жена со голема самодоверба но и себичност. Оваа жена секогаш ќе ги стави своите потреби и желби пред желбите и потребите на другите. Не се спријателува лесно и секогаш некој друг и е виновен.
  5. Рамниот кармин зборува за бесрамна жена. Таа секогаш наоѓа заеднички јазик со луѓето. Понекогаш е расеана и кажува нешта со кои навредува, но да знаете дека тоа не и била целта. Затоа што злобата и омразата се за неа непознати чувства. Таа е верен пријател и верен партнер во животот.
  6. Карминот со форма на “тап молив” е многу редок и соодветно зборува за нестандардна жена, која често го менува расположението и секогаш е непредвидлива. Вие очекувате една реакција, а таа го прави токму спротивното. Инаку има многу оригинално размислување кое секогаш ги импресионира мажите.
  7. Нагло отсечениот кармин е знак за жена со имагинација, која има потреба да и се додворуваат. На работното место е исклучително одговорна и строга. Во љубовта, сепак, е склона на авантури.
  8. Карминот со форма на пресечен конус е знак за весела, нежна, чувствителна жена, која е и одличен познавач на карактери! Тоа значи дека тешко може да ја излажете и може да ги види скриените лоши намери зад вашата насмевка. Умее да создава атмосвера во домот и да го направи мажот до неа многу среќен, под услов тој да одговара кон неа со почит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag