Во која твоја карактеристика мажите се вљубуваат според месецот во кој си родена?

popara10 февруари, 20151min00
3

Сакаш да знаеш со што ги покоруваш мажите? Ќе ти кажеме! Или барем според месецот во кој си родена. Затоа што веруваме дека апсолутно секоја жена има десетици позитивни карактеристики кои ја прават уникатна и неодолива за вистинските луѓе.

Јануари

Ти си толку префинета и достоинствена што ги оставаш мажите без зборови. Покрај тоа имаш исклучително убави и експресивни очи.

Февруари

Ти си потајна мачка со неверојатна насмевка, која секогаш зрачи. Не си само предизвик, туку и гордост за секој маж, кој успеал да те спечали.

Март

На тебе едноставно ти е дадена силна способност да ги привлекуваш мажите и да го задржиш оној кој си го избрала. Како го постигнуваш тоа, ни најдобриот астролог никогаш нема да дознае. Природа!

Април

Ти си навистина за завист! Најсилното оружје е твојата фигура. Дури и да качиш некој килограм, продолжуваш да изгледаш страшно примамлива.

Мај

Најмногу мамиш со начинот на однесување. Знаеш на кој што да кажеш, за да му останеш долго во мислите. Многу долго!

Јуни

Има некоја невиност во твоите очи, дури и кога се однесуваш провокативно. Покрај тоа, надарена си со висок интелект. Се гледа дека за тебе нема место во категоријата “просечна жена”.

Јули

Толку си слатка со својата срамежливост што на човек му доаѓа да те гушне и никогаш да не те пушти. Ти си една од жените кои секој маж без грам двоумење би ја претставил на своите родители.

Август

Најсилниот афродизијак за мажите е увереноста на една жена. А ти си токму таква! Дури, кога ти е нешто криво, гестовите и твоето однесување повторно емитуваат доверба. Ако не ти се верува, прашај ги луѓето околу тебе.

Септември

Ти ги скокоткаш машките инстикти со твојата недостапност. Убава жена, која може да даде многу. Но не и на секој!

Октомври

Ти си едноставно поинаква жена. Твоите реакции, размилувања и погледи, пријатно ги изненадуваат мажите. Во тебе гледаат една достоинствена и паметна дама.

Ноември

Привлекуваш со силна страст! Со тебе е како да си играш со оган. Знаеш дека е опасно, но не можеш да одолееш.

Декември

Покрај тоа што си добра, ти си и многу искрена. Секој маж, на кој му е доста од лицемерни жени, ќе даде мило за драго за таква како тебе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma