Потребни состојки:
- 4 компири
- 200гр спанаќ
- 100 гр павлака
- 1 конзерва туна на парчиња
- сол
- мешавина од суви зачини
Начин на подготовка:
Компирот се мие, чисти и се пече во рерна на 220 степени околи 40-50 минути, односно се додека не омекне. Во меѓувреме се чисти спанаќот и се пржи малку, а потоа се додаваат останатите зачини и павлака. Печените компири се оставаат да изладат, а потоа се лупат. Откако ќе се излупат се сервираат со пржениот спанаќ и туната. Добар апетит!