Американскиот актер Вал Килмер заборавил да и плати на државата Ново Мексико данок од половина милион долари. Килмер кој 20 години живее во американската сојузна држава минатата година одлучил да го продаде својот ранч. Го продал за 18,5 милиони долари, иако, барал 35 милиони. Против него била покрената судска постапка за неплаќање на федерален данок, објавија медиумите во САД. Доколку не го плати го чека затворска казна.
Извор: Нетпрес