Гадафи: Ќе се бориме до смрт

popara8 јуни, 20111min00
Muammar al Gaddafi
Либискиот лидер, Моамер Гадафи денес вети дека ќе остане во земјата и ќе се бори до смрт, откако НАТО изведе 30 воздушни напади на престолнината Триполи.
“Имаме само еден избор, ќе останеме во нашата земја мртви или живи“, рекол Гадафи во говорот што во живо го пренесувала државната телевизија.
“Било да сме мачени, убиени или да извршиме самоубиство, ние се грижиме за ншата обврска кон историјата“, рекол Гадафи, барајќи објаснување зошто бомбардирањето во Либија и понатаму продолжува.
Гадафи ги повикал своите приврзаници да се соберат во неговата резиденција во Баб ал Азизи, пренесува агенцијата “Ројтерс“.
НАТО во последните денови ги интензивираше своите напади во Либија, а денес изведе серија воздушни напади на Триполи, каде една од целите била резиденцијата на либискиот лидер.
“Посилни сме од вашите ракети, посилни сме од вашите авиони и гласот на либискиот народ е погласен од експлозиите“, рекол Гадафи.
Тој додал дека е подготвен да пушти меѓу 250.000 и 500.000 вооружени Либијци ширум земјата за да ја исчистат од “вооружени банди“, мислејќи на бунтовниците кои го контролираат источниот дел на земјата.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma