Смесата од кисело млеко и брашно од хелда ги прочистува цревата и крвните садови, претпазува од заболување на панкреасот, го намалува нивото на шеќер во крвта, го запира подувањето на стомакот.
За да ја подготвите оваа смеса ќе биде потребно да сомелете во блендер 1 супена лажица хелда до добивање на глатко брашно.
Во брашното додадете една чаша кисело млеко и ставете ја во фрижидер. Изутрина, половина час пред јадење, испијте го подготвениот лек. Лекувањето трае две недели.