Овие четири девојки минаа речиси низ сè добро и зло кое може да и се случи на една девојка во врска, а проучувајќи ги нивните врски, пронајдовме 6 важни лексии кои би можеле да ги научиме од Кери, Миранда, Шарлот и Саманта!
Излезете на состанок дури иако не е ваш тип!
Кога Миранда го запозна шанкерот Стив, беше скептична, како и обично. Тој беше фин, но очигледно не и сјаен матеијал за врска. И како што очекувавме, нивните дијаметрално спротивни кариери, беа основна точка на несогласување: различен тајминг, расправии за пари и различни ставови за животот. Миранда многу лесно можеше да го избрише неговиот број од нејзиниот Блекбери, но очигледно победи неговата опуштеност и посветеност. Еден нескладен пар основа хармонично семејство.
Не се менувајте поради мажот, во никој случај!
Дизајнерот за мебел, Ејдан, беше сè што Кери бараше кај мажите: емотивно стабилен, искрен, подготвен да се врзе. Ејдан сакаште да ја запознае Кери со неговите родители, да ѝ ги даде клучевите од станот и, на крај, да се венчаат. Таа посакуваше да се прилагоди, со тоа што проба да се откаже од цигари (и секако, од Ѕверката), да оди на викенд во село, да го носи неговиот веренички прстен на вратот. Но, колку и да се обидуваше, на Кери тоа не ѝ успеа. И така, иако изгледаше фантастично на хартија, сепак, тој не беше идеален за Кери.
Не ги игнорирајте малите сигнали дека нешто не е во ред со врската
Најромантичната и најоптимистична, кога станува збор за љубовта, Шарлот, веруваше дека сите нејзини идеалистични сни се исполнети кога ја “спаси” модерниот принц Треј Мекдугал. Освен неколку знаци за предупредување: напорна свекрва и меден месец без секс – Шарлот сепак беше решена оваа врска да успее. Иако даде сè од себе, сепак не успеа да ја сочува.
Дозволете си да се заљубите
Животната и љубовна филозофија на Саманта: “Ќе пробам сè, барем еднаш”, и сè е дозволено. Нејзиното единствено животно правило е никогаш да не се заљуби. Сè додека не го запозна симпатичниот келнер Смит, чие име дури и не ѝ беше важно. Некаде помеѓу секс игрите и неговата кариера, тој за Саманта беше нешто повеќе од добар материјал, како што и самата му призна: “Ми значеше повеќе од било кој друг маж во мојот живот!”
Тој нека трча по вас
Да не се лажеме: Кери беше таа која копнееше и трчаше по Ѕверката, но сепак тој се појави на нејзината врата оној ден кога таа замина за Париз. Лута бидејќи неговиот тајминг е секогаш погрешен, таа извика: “Јас заборавив дека го имаш мојот број! Всушност, заборавив дека воопшто го знаеш моето име!” Следниот ден, тој се сретна со девојките и рече: “Вие сте најголемата љубов во нејзиниот живот. Би ми било привилегија да бидат на четвртото место.” И секако, доби благослов да оди и да ја донесе “нивната” девојка.
Бидете храбри и кога сте сингл
Вечниот симбол на филозофијата на сингл девојките, Кери, имаше свои романси, колумна во престижен магазин, но најубавата љубовна приказна ја напиша за себе си. “Туркајќи се” и во тешките моменти, Кери доби самодоверба и сила да ја бара вистинската љубов. “Највозбудлива, најпредизвикувачка и најважна врска е онаа што ја имате со самите себе”, вели Кери. “И ако најдете некој да ја сака онаа што вие ја сакате, тоа е фантастично!”