Луѓето кои ги сакаме најмногу, најмногу и ги повредуваме

popara1 февруари, 20151min00
2
Луѓето кои ги сакаме најмногу, најмногу и ги повредуваме, а причината за тоа е што се чувствуваме „сигурни“ – покажаа резултатите од истражување кое 30 години се спроведувало на универзитетот Џорџија Риџенс.

Психологот и професор на тој универзитет др. Дебора Саут Ричардсон ги проучувала различните видови на агресија и искажување бес низ разни меѓучовечки односи, вели „Дејли Мејл“.
Студијата покажала дека најмногу и најчесто се караме со луѓето кои ни се најблиски, односно со родителите, партнерот, братот или сестрата.

Директната агресија која вклучува навреди, викање или игнорирање, луѓето се склони да ја применат на членовите на семејството и партнерот, а причината за тоа е што сме свесни дека тие нема долгорочно да ни бидат лути за тоа.

Меѓутоа, блиските пријатели ги изложуваме на пасивна агресија, бидејќи не сакаме да го загрозиме односот со директно негативно однесување.
„Во тој вид пасивна агресија спаѓаат озборувањето и двосмислените коментари, кои подеднакво ги користат и мажите и жените“, вели Ричардсон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma