Американката Шерон Стендифајрд, на која и здодеало нејзините деца постојано да ја игнорираат кога ќе ги побара на мобилен телефон, создаде апликација која ги принудува неодговорните тинејџери да им се јават на родителите. Апликацијата „Ignore No More“ (Нема повеќе игнорирање) е достапна за оперативниот систем Андроид и го блокира телефонот на детето, кое може да ги повика само броевите од листата по избор на родителите.
“Ни беше потребна апликација која ќе го блокира нивниот телефон, така што нема да можат целосно да го користат”, изјави Стендифајрд. Инсталираната апликација го блокира телефонот кога детето нема да одговори на повикот на родителите.
Тогаш тоа може да ги сврти само броевите од листата кои неговите родители ги избрале, како и итна медицинска помош, пожарникарска служба, полиција… Откако ќе им се јави на родителите, телефонот на детето самиот се деблокира.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7jPzMHuaIwY