7 нешта кои не сте ги знаеле за “Убава жена“

popara28 август, 20141min00
7

Романтичната љубовна приказна за познатиот бизнисмен Едвард и проститутката Вивиен која ќе му го освои срцето прерасна во безвременска бајка која ги освои гледачите ширум светот.

Својата премиера ја доживеа во март, 1990 година, а денес сè уште мами насмевки и воздишки кај романтичните души.

 
Филмот сигурно сте го гледале, но можеби не сте знаеле дека:

Првобитниот наслов на филмот бил „$ 3,000”, сумата која Вивиен ја добила за придружбата на Едвард, но подоцна бил заменет со „Убава жена”, бидејќи продуцентите сметале дека првичниот наслов ќе биде збунувачки за публиката.

Официјалниот постер за филмот е дело на фотошоп. Ричард Гир има црна коса (а во филмот е со неговата природна боја на коса), додека телото на Џулија е всушност тело на Шели Мишел, дублер на Џулија во „Убава жена”.

7 нешта кои не сте ги знаеле за Убава жена, Мег Рајан, Ким Бесинџер, Мелани Грифит, Шерон Стоун, Ричард Гир, Ричард Гир, prostitutka, dzulija roverts, ubava zena, richard gere, проститутка, опера, opera
Џулија Робертс не била првиот избор на режисерот и филмската екипа. Улогата најпрво ѝ била понудена на Мег Рајан, потоа на Ким Бесинџер, Мелани Грифит, Шерон Стоун и уште неколку познати актерки, но сите тие ја одбиле улогата на проститутката Вивиен. Најпосле, улогата ја добила Џулија.

Прекрасната огрлица која Вивиен ја носи во опера е вредна 250 000 долари. За време на снимањето на сцената со огрлицата, покрај филмската екипа постојано стоеле членови на обезбедувањето на продавницата за накит која им ја позајмила огрлицата за потребите на филмот.

Операта која ја гледаат е Тривијата, приказна за една проститутка која се вљубува во богат господин.

7 нешта кои не сте ги знаеле за Убава жена, Мег Рајан, Ким Бесинџер, Мелани Грифит, Шерон Стоун, Ричард Гир, Ричард Гир, prostitutka, dzulija roverts, ubava zena, richard gere, проститутка, опера, opera

Се сеќавате на секси сцената со пијаното? Непосредно пред да водат љубов, Ричард Гир свири на пијано, но она што можеби не сте го знаеле е дека композицијата која ја свири е негово дело, бидејќи славниот актер е добар композитор и одлично свири пијано.

Една од сцените која секогаш мами насмевка е онаа кога Едвард ѝ ја дава на Вивиен кутијата со огрлицата, ја отвора, за веднаш да ја затвори, што наидува на прекрасна реакција кај Вивиен. Оваа сцена не била планирана, токму тој ден Џулија не се чувствувала добро, па Ричард Гир сакал некако да ја расположи, но кога режисерот ја видел симпатичната реакција на актерката, одлучил да ја вметне сцената во филмот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=sNYalWdtPSA

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag