За оваа фризура потребно ви е само многу цврсто ластиче, а ќе изгледате помладо како некои од славните светски ѕвезди.
Знаете ли која е тајната на младешкиот изглед на Сандра Булок, Џенифер Лопез и другите холивудски дами кои ги надминале четириесеттите? – Висок и цврст кок.
Ваква фризура има дури и војвотката од Кембриџ, едноставна е, практична и идеална за секој ден.
Со малку труд, до помлад изглед за 10 години. Внимателно соберете ја косата во опавче на висина од половина глава и добро зацврстете ја со ластичето. Така подигнатата коса ќе ви ја затегне кожата на критичните делови на лицето, околу очите и на пределот на челото.
Оваа класична фризура секогаш е во мода, но има само една маана. Ако многу долго ја носите може да ви предизвика главоболка.
Екстра совет: За да ви изгледа посјајна и поздрава неколку часа пред да ја измиете, на врвовите нанесете кокосово масло. Особено ако природно ви е сува. Ефектот е сјаен, а упорноста се исплати.