Состојки:
* за кора:
2 портокали,
750гр. шеќер,
10 јајца,
150гр. мелени ореви,
100гр. суво грозје,
60гр. мелен кекс,
5 лажици рум
* за глазура:
4 реда чоколадо,
20гр. путер
Подготовка: Корите од двете портокали исецкајте ги на парченца и згответе ги во пет води. Ставете им пет лажици шеќер, и оставете ги да се зашеќерат. Посебно изматете ги белките од 10те јајца со 10 лажици шеќер. Додајте ги и жолчките, добро измешајте, истурете ги во смесата мелените ореви, сувото грозје, мелените кекси и зашеќерените кори од портокал. Сето тоа добро измешајте го и истурете го во подмачкан калап за торта. Печете го на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто изладете го и прелејте го со сируп од остатокот шеќер и петте лажици рум. Целата торта прелејте ја со чоколадото кое ќе го истопите заедно со путерот.