Силната жена не бара маж, мажите ја бараат нејзе

popara14 септември, 20141min00
1

Која е разликата помеѓу силните независни жени и оние коишто се зависни од маж? Огромна! Силната и независна жена знае дека не и треба машко внимание за да се почувствува сигурна во себе, додека онаа зависната не може да живее без машки комплименти.
Силната жена не бара маж, мажите ја бараат нејзе. Таа нема потреба од маж, туку му е потребна на секој маж. Таа не влегува од врска во врска само за да биде со маж, таа со разум влегува во врска и е сигурна за својата одлука.
Од друга страна, жените коишто се зависни од маж, летаат од една во друга врска. Тие имаат страв од самотија. Нивната рака бара да биде сплотена со машката. За нив е чудно да се разбудат сами и притоа да се чувствуваат фантастично. Тие се секогаш средени, дотерани, тие не пијат, не пушат… од страв да не бидат оставени зарани некоја мизерна причина.
Кога ќе видам ваква жена, ме фаќа жал. Таа никогаш не дознала што е да се влечкаш цел ден по пижами и телефонот да ти биде исклучен, никогаш не била пијана со пријателката па половина час да го бараат патот до дома, не си дозволила калоричен оброк во пет наутро и пак да се почувствува секси по тоа.
На силната жена не и треба маж да се почувствува секси. Таа е преполна со самодоверба. Знае дека оргазам се доживува и без маж.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag