Состојки:
4 јајца,
200гр. брашно,
180гр. растопен маргарин,
150гр. шеќер,
2 кесички ванилин шеќер,
2 лажици прашок за пециво,
2 лажици какао,
3 јаболки,
3 лажици сок од лимон.
За фил:
2 пудинга од ванила,
700мл. млеко,
6 лажици шеќер,
1/2 лажица цимет.
Подготовка:
Јаболките исечете ги на коцки, посипете ги со лимоновиот сок и лажица-шеќер. Пенесто изматете ги јајцата со шеќер и додајте го растопениот маргарин, брашното и прашокот за пециво. Поделете ја смесата на два дела, па во едниот додајте какао и 2-3 лажици млеко. Во тава со големина 20х30 ставете го делот без какао. Јаболките распоредете ги по жолтиот дел на смесата. Пудингот кој го зготвивте и во кој додадовте цимет, распоредете го по јаболките. Потоа одозгора ставете го црниот дел и печете на 170 степени околу 40 минути.