Chen Xiaotian имал само 7 години кога за прв пат му бил дијагностициран тумор на мозокот, кој порано или подоцна ќе го убиел.
Само неколку години подоцна на неговата мајка и била дијагностицирана болест на бубрегот.
Со години и двајцата се бореле со состојбата во која биле. За жал, Chen многу брзо останал слеп и речиси парализиран како резултат од неговиот тумор.
Докторите знаеле дека тој наскоро ќе почине. Но, тие исто така знаеле и дека одговара како донатор на бубрег за неговата мајка. Сепак, таа го одбила овој зафат.
Chen го начул разговорот и инсистирал неговата мајка да го прифати како донатор на орган.
Тој очајно сакал да и го спаси животот.
По краток разговор, мајката се согласила знаејќи дека дел од нејзиниот син ќе живее во неа.
Тој починал на 2 април. Операцијата за трансплантација била направена.
Докторите не биле сигурни дали Zhou, мајката на 7-годишниот херој ќе може да живее нормален живот.
Но, благодарение на нејзиниот син сега се сигурни.