Изгубила 80кг и невиноста, а сега не може да здивне од комплименти

popara27 септември, 20141min00
11

Кога имала 21 година, тежела дури 142 килограми. Со години сонувала да го најде момчето од своите сништа, но тоа не се случувало. Тешката депресија која ја измачувала станувала се посилна. Момците ја исмејувале и понижувале, а Хејзел Дајсон се помирила дека целиот живот ќе остане сама.

„Се борам со своите килограми уште од дете. Уште во средно училиште имав 95 килограми и носев конфекциски број 56. Сите мои пријатели беа витки и убави, само јас бев дебелата што седи во ќошот. Ми договараа состаноци на слепо, но премногу се срамев за да се појавам“, признава Хејзел. Со депресијата се борела со јадење пица, чоколади и кинеска храна, постојано гледајќи ТВ или седејќи на Фејсбук.

Се се променило во 2008-та, кога таа завршила на доктор. „Ми рекоа дека морам да го сменам начинот на живот. Ако не го направам тоа, до 30-тата година ќе морам да вградам вештачки колк… Сфатив дека не смеам да се саможалувам, и покрај тоа што имав полицистични јајници, и дека треба да го живеам животот, како што тоа го правеа моите пријатели“.

Хејзел се придружила на програма за слабеење, престанала со брзата храна и почнала да јаде само овошје и зеленчук. Подвигот бил тежок и често била на работ да скршне од патот, но желбата да си најде своја љубов и давала волја да продолжи. „Не сакав да наполнам 30 и сеуште да немам дечко и да останам невина“.

За 6 години, до нејзиниот 26-ти роденден, Хејзел изгубила дури 80 килограми. Во тој период се регистрирала на вебсајт за лични контакти и сфатила дека почнува нова ера во нејзиниот живот, ера на бројни комплименти.

„Неколку месеци подоцна, Хејзел го запознала својот прв дечко. „Беше прекрасен и се чувствував посебно. Срам ми беше да му кажам дека сум невина, но тој беше полн со разбирање. Не е баш сјајно кога имате 26 години и уште не сте го направиле она. Како и да е, по 9 месеци раскинавме, ама не жалам. Тоа беше прекрасно искуство и ќе продолжам да го барам вистинскиот. Веќе не се срамам од себе“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag