7 парчиња облека кои мора да ги имате оваа зима

popara28 септември, 20141min00
21

Ниските температури веќе се чувствуваат и нудат простор за удобни и модерни зимски комбинации. Еве кои се седумте парчиња облека кои секоја девојка мора да ги има, пред снегот уште еднаш да нѐ изненади.

1. Бесконечен шал

Ништо не изгледа поопуштено од лабаво врзана коса, очила и бесконечен шал. Овој шал може да се носи и со припиен џемпер и фармерки, што пак е совршена комбинација на стил и удобност. Сето ова го прави неопходен за студените зимски денови.

2. Неколку броеви поголем џемпер

Ништо не асоцира повеќе на зима од удобен, голем џемпер. Без разлика дали одите на дневна прошетка или опуштено ноќно излегување, големиот џемпер остава тренди и лежерен впечаток. Но, кога купувате ваков џемпер, внимавајте тој да биде во црна, сива или друга неутрална боја, затоа што така ќе може лесно да го комбинирате и почесто да го носите.

3. Рамни кожни чизми

Добрите чизми може да му дадат дух на целокупниот изглед. Висината на чизмите се одбира според вашата висина, но и личниот стил. За пониските девојки, чизмите до колена можеби се премногу. Затоа, направете го правилниот избор и нема да зажалите. Се чувствувате креативно? Дајте им сосема нов изглед на вашите чизми од ланската сезона.

4. Долги едноставни маички

Во зимската сезона најпрактично е облекувањето во слоеви. Под џемперот облечете долга едноставна маичка, која ќе изгледа стилски, а ќе направи да се чувствувате потопло. Најдоброто во врска со ова е што долгите маици ќе можете да ги носите и во другите сезони.

5. Хеланки

Едноставно и неопходно парче облека за оваа зима. Хеланките лесно се комбинираат, а доколку тоа го направите добро, ќе успеете одлично да ја истакнете фигурата на телото. Одлично одговараат со долги џемпери, чорапи, чизми и палто. Имајте на ум дека над хеланките секогаш се носи долг горен дел, за пристоен и удобен изглед.

6. Дебели високи чорапи

Дебелите високи чорапи се императив за зимската сезона. Топлите и слатки дебели чорапи одат одлично со чизми до колена или чизми на штикли. Носете ги над хулахопки со дебело фустанче и џемпер во поголем број. Ќе изгледате одлично.

7. Удобни чизми

Кога врне снег, а улиците се замрзнати, патиките и не се баш најдобриот избор за обувки. Наместо тоа, набавете си повисоки чизми  Кожните, оние со дебела штикла или пак шпиц чизмите се само неколку идеи. Сигурно ќе најдете некои по ваш вкус, за посигурно да чекорите низ снегот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag