Состојки:
- 10kg домати
- 10 лажици сол
- 20g мелен бибер
- 1 парче конзерванс
Подготовка:
Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер.
Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот.
Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче.
Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.
При подготовката на зимницата добро е да знаете:
1. Лажицата за мешање е најдобро да биде дрвена
2. Користете садови од материјали кои не рѓаат
3. Зимницата чувајте ја на темно, суво и студено место.
4. Никогаш не користете повеќе конзерванси од пропишаната доза, заради тоа што се хемиски средства.
5. За туршија и кисели краставички најдобри се краставичките со рапава кора.
6. За конзервирање најпрепорачливи се ситните домати.
7. Користете само зрели, здрави и квалитетни плодови.
8. Зеленчукот варете го во здрави, неоштетени садови.
9. Сите тапи за шишиња темелно измијте ги во зовриена вода.
10. За зимница користете исклучиво јодирана сол.