Монголија е деветнаесетта најголема држава во светот, а населена е со само 2,7 милиони жители. Ако се знае дека преку еден милион од нив живеат во главниот град Улан Батор, јасно е дека најголемиот дел од земјата е празен.
Таа празнотија е прекрасна. Може да ве натера да гледате во неа без да ви даде можност да се насочите кон нешто друго.
Монголските пејзажи изгледаат како таму никогаш да не живееле луѓе. Тоа веројатно е така затоа што оној мал број луѓе кои се движат по овие прекрасни предели кон нив се однесуваат со почитта која ја заслужуваат. Тоа воглавно се номади – будисти кои живеат во хармонија со природата, а таа им возвраќа на ваков начин…