Се спријателиле кога дознале дека се оженети со иста жена

popara8 октомври, 20141min00
10

Крис Томас и Петер Шерат од Велика Британија се запознале кога откриле дека и двајцата се оженети со Карен Шерат (45).

Со неа веќе не се во контакт, но затоа нивното пријателство трае, а денес велат дека тоа е единствената „добра работа“ која произлегла од тоа „пеколно искуство“.

Карен поради бигамија е осудена на четири месеци затвор.

Нејзините сопрузи не можеле да комуницираат меѓусебно пред судењето, но потоа заедно отишле на пијалок и развиле блиско пријателство.

„На многумина им е чудно што така добро се согласуваме. Меѓутоа, ние делиме бивша сопруга. Двајцата не маѓепса и нашето пријателство е резултат на тоа“, вели Томас.

Карен веќе била во брак кога го запознала Шерат во 2005 година. Нивната врска била прекрасна и на крај се венчале, Меѓутоа, кратко време по венчавката, Шерат се загрижил затоа што нивната заедничка банкарска сметка почнала да се „топи“.

Една година подоцна, Шерат ја оставил сопругата во нивниот заеднички дом.

Шест години подоцна, Карен го запознала Томас на сајт за запознавање, а тој брзо паднала на нејзините „маѓии“, токму како и Шерат. После само три месеци поминати во врска, решиле да се венчаат.

Меѓутоа, Томас не знаел дека Карен формално и понатаму е во брак со Шерат.

Томас тоа го открил дури минатиот декември, кога во нејзината чанта за лаптоп пронашол формулар за барање за развод на брак.

Очаен, го фотокопирал документот и го оставил на маса, а потоа ја напуштил нивната куќа, онаа истата која Карен ја делела со Шерат.

„Нашето пријателство е единствената добра работа која произлезе од овој пекол“, вели Томас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag