Фатални хороскопски комбинации

popara25 август, 20151min00
9

Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат и тие врски обично ги следи силна хемија, но доаѓа и до конфликт на карактерите.

Oвен-Вага

Веќе при првата средба ови два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се оддолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат.

Бик-Шкорпија

Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ќе ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Шкорпијата смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и да се насочите во заеднички дружења со пријателите.

Близнаци-Стрелец

Нивната привлечност не е само физичка, оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека се најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и што сакаат да озборуваат. Повторно ги спојуваат меѓусебните авантури- излет во природа, патувања..

Рак-Јарец

После тоа што чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм затоа што Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само партнери туку и љубовници.  Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла.

Лав-Водолија

Привлечноста скоро експлодира кога кралот на својат вселена-Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека Лавот ќе го нервира тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане ако и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото.

Девица-Риби

Практичните Девици кои сакаат се во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на грозната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот- Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag