Вратете го сјајот и свежината на косата со домашна маска од кафе

popara11 октомври, 20141min00
6

Ако сте бринета или црнка која сака да си го врати сјајот и свежината на косата, тајната е многу поевтина и поедноставна отколку што мислите.

Сè што ви е потребно за соодветна нега на косата е вашиот омилен регенератор или балзам и една шолја кафе.

Кафето има благотворно дејство врз влакното, додека темната боја на ова кофеинско задоволство го дава сјајот кој долго време го посакувате.

Потребно ви е:

  • 4-5 лажички балсам или регенератор за коса
  • 1 шолја свежо варено кафе

Количината на состојките прилагодете ја на должината на вашата коса.

Помешајте ги овие 2 состојки додека не добиете густа течност, која ќе ја нанесете на целата коса. Оставете ја да делува 15 минути, а потоа измијте со благ шампон и постудена вода од вообичаено.

Оваа домашна маска ќе ви овозможи висок сјај, мазно и меко чувство на допир, а жолтите прамени и испуканите врвови исчезнуваат по неколку неделна употреба.

Испробајте и споделете го ефектот!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag