Кратка диета

popara12 октомври, 20141min00
1

Оваа диета трае само четири дена, може по потреба да се повтори и повеќе пати, но само доколку помеѓу тие повторувања правите пауза од неколку дена.
Појадок: ист секој ден. Еден грејпфрут, филџан кафе или чај без шеќер.

1 ден
Ручек: 2 тврдо варени јајца, ½ филџан боранија варена во вода без масло.
Вечера: Пилешко филе печено без масло, зелена салата и мало јаболко.

2 ден
Ручек: 2 тврдо варени јајца, ½ филџан боранија варена во вода без масло.
Вечера: Пилешко филе печено без масло, салата и половина филџан варени домати.
3 ден

Ручек: Мала плескавица печена во рерна, зелена салата и мало јаболко.
Вечера: Пилешко филе печено без масло, ½ филџан варени домати, чаша сок од сливи.
4 ден
Ручек: 2 јајца пржени без масло (на тефлонско тавче), ½ филџан варена боранија, филџан варени домати.
Вечера: Пилешко филе печено без масло, зелена салата и салата од домати и половина филџан варени домати.

Предупредување:
1. Храната се јаде во нормални порции.
2. Месото само се посолува, може да се прелие со малку лимон или оцет, никако со масло.
3. Мора да се пијат 5 чаши вода, една голема чаша пред секој оброк, една попладне и една чаша вода пред спиење.
4. Пилешкото месо мора да биде без кожа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma