Овен
Овенот во својот живот ужива како риба во вода, сака предизвици, неочекувани пресврти и натпреварување. Колку повеќе некој се обидува да го совлада импулсивниот Овен, толку тој е повнимателен и секогаш смислува начин како да возврати, понекогаш и сурово, но тој мора да излезе како победник.
Бик
Животот е убав и таков треба да го создадеме сами. Трпеливиот хедонист Бик е исклучително упорен. Поради таа особина, умее да се бори и да создаде вистински рај за себе и за оние кои ги сака, бидејќи тогаш е вистински мотивиран. Кога запаѓа во финансиска криза, Бикот би „преспал“, но наместо тоа секогаш се снаоѓа и наоѓа решение.
Близнаци
За Близнаците животот е игра и секоја бура ја поминуваат на четири нозе. Обично околината им се восхитува, а успеваат многу итро, без многу напор, да се изборат за својот дел од „колачот“, без оглед на тоа дали станува збор за работа или љубов. Во суштина, се плашат од неуспех, но тој страв го прикриваат со својата духовитост.
Рак
Кога животот би бил бајка, сѐ би било совршено, а егоцентричните Ракови работат на тоа. Умеат да се повлечат кога ќе стане „густо“. Упорни се, но таа особина ретко ја употребуваат бидејќи секогаш наоѓаат некој да им помогне, за да не се мачат. Сѐ додека имаат поддршка од своите блиски роднини или пријатели, немаат потреба ниту намера да се борат.
Лав
Детинестиот Лав сака бајки, па можеби и затоа се бори како вистински витез. Тешко дека некој ќе успее да го надмудри или да биде подобар од него, бидејќи Лавот е роден да владее со другите и подготвен е на многу одрекувања само да ја постигне својата цел. Кога еднаш ќе успее, тешко ќе можете да го симнете од тронот.
Девица
Девицата потклекнува пред животните предизвици, но само затоа што точно знае што сака и како да се избори за она што го сака. Убаво е да се сонува, но од тоа нема конкретна корист, ниту помош. Девицата се обидува да ги предвиди сите можности и сѐ она со што би можело да се соочи додека чекори кон својата цел. Не сака изненадувања, а доколку нештата излезат од нејзина контрола, станува бесна.
Вага
За Вагата животот е борба во која таа вешто се снаоѓа благодарение на познанствата и врските со угледни и влијателни лица. Таа сака да доминира и од животот го зема максимумот, а подготвена е на компромиси и одрекување за да го постигне тоа. Често се случува да ги помеша нештата, па со срце влегува во работата, а со разумот во љубовните битки. Најмногу сака низ животот да се води со успешен партнер, но ако го нема ќе се бори сама.
Скорпија
Самоуверената Скорпија точно знае што сака од животот и како ќе го постигне тоа. Свесна е за своите можности и речиси сѐ држи под контрола. Како еден од најголеми борци во зодијакот, ладнокрвно реагира во неочекувани ситуации. Своите намери не ги открива пред да го направи она што ќе го науми и секогаш е чекор пред своите противници.
Стрелец
Амбициозниот и љубопитен Стрелец низ животот го водат разум и логика, но бидејќи многу фантазира се случува да „излезе од колосек“ и да залута во љубовна бајка. Со оглед на тоа дека најмногу ја сака својата независност, брзо се враќа во линијата на животот која си ја зацртал. Ако доживее пораз, лесно се опоравува и продолжува понатаму, бидејќи е практичен.
Јарец
Контрадикторниот Јарец е свесен за своите способности, што го успорува во животот. Бидејќи е многу амбициозен, подготвен е да работи многу за да го добие заслуженото признание. Борбата е составен дел во неговиот живот, па со што и да се занимава мора да биде успешен. Целиот живот сонува за голема љубов и страст кои ретко ги доживува, бидејќи се плаши од разочарувања и откривање на длабочината на неговите чувства.
Водолија
Неуморната и дрска Водолија смело чекори низ животните битки, не плашејќи се од ништо, освен од едно: губење на независноста и поднесување на сметка пред некој друг. Иако не сака да шефува, често се наоѓа на одговорни работни позиции бидејќи ја почитуваат, а таа умее да ги пласира своите идеи и да освојува симпатии. Комуникативната и шармантна Водолија сака да ризикува и често се наоѓа во непредвидени романтични ситуации кои ги претвора во свои „инстант бајки“.
Риби
Флегматичните и амбициозни Риби умеат да бидат многу прилагодливи и практични, најчесто заради заработка. Поради тоа вешто се вклопуваат во секоја работна позиција, дури и кога таа работа воопшто не ги интересира. Ретко се случува да работат нешто за што поседуваат дар од Бога. Во љубовта умеат да создадат вистинска бајка, во која како најдрагоцен камен ја чуваат личноста која ја сакаат.