Моментот кога пустината ќе се пресретне со океанот

popara16 октомври, 20141min00
Моментот кога пустината ќе се пресретне со океанот
Намиб (или пространо место) е голема пустина во северозападна Африка која зазема простор од околу 50.000 квадратни километри простирајќи се отприлика 1.600 километри долж Атланскиот океан на крајбрежјата на Ангола, Намибија и Јужна Африка.

Освен што излегува на море, за оваа пустина се смета дека е најстара пустина во светот, а нејзината неплодност предизвикува остар сув воздух кого го разладува ладното струење кое тече долж крајбрежјето.

Пустината има помалку од 10 mm дожд на годишно ниво и речиси во потполност е неплодна.

Иако оваа пустина е речиси ненаселена и непристапна, постојат повремени населби во Сесрием, во близина на познатитот Сосусвла, како и големи групи песочни дини, кои се со висина и до 340 метра и кои воедно претставуваат најголеми песочни дини во светот.

“Морската пустина” Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни (без’рбетници, влечуги и цицачи), за кои буквално може да се каже дека живеат од магла, бидејќи токму таа е единствениот извор на вода.

Пустината Намиб е ставена и на листата на УНЕСКО на светското културно наследство во Африка во 2013-тата година како “единствена приморска пустина во светот, каде на пространите песочни полиња од дини дејствува магла”.

Колку оваа пустина изгледа навистина неверојатно и оддава впечаток како да гледате некоја друга планета, а не Земјата, откако ќе го погледнете овој видео запис ќе се уверите и самите:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma