Состојки
- 300 г брашно
- 100 мл масло за готвење
- 500 мл вода
- 6 јајца
- 800 г шеќер (за шербет)
- 400 мл вода (за шербет)
Подготовка
- Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
- Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
- Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.
- Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
- Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
- Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
- Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.