Трендот на екраните чувствителни на допир го прифатија и производителите на персонални компјутери,
па се’ поголем број на преносни компјутери се испорачуваат со такви екрани,
а расте и бројот на класични монитори кои имаат екран чувствителен на допир.
Hewlett-Packard го претстави компјутерот од иднината кој воопшто не користи глувче и тастатура, туку со него во потполност се управува со екран кој е чувствителен на допир, но и со дополнителна површина, исто така екран кој е чувствителен на допир и кој функционира и како виртуелна тастатура.
Моделот Spout, освен поради несекојдневниот начин на управување, специфичен е и по тоа што се испорачува со проектор (кој е сместен над екранот), состав од четири камери и скенер со кој може да се скенираат 2D и 3D објекти. После скенирањето на 3D објект, корисниците со тој објект ќе може да манипулираат, како и да ги користат во апликации.
Исто така, со помош на дополнителен stylus (пенкало за пишување на екрани чувствителни на допир), можно е да се цртаат објекти на дополнителната површина која е чувствителна на допир и потоа да се преместат на главниот екран и да се користат во апликации.
Што се однесува до самиот компјутер, овој all-in-one модел (нема класично куќиште, туку сите компоненти се наоѓаат во внатрешноста на самиот монитор) е базиран на Intel-овиот Core i7 процесор, има 1TB простор за складирање на податоци и доаѓа со последната верзија на Windows оперативниот систем.
На порталот The Verge велат дека овој компјутер е првенствено наменет за креативците (на пример, идеален е за обработка на фотографии), а овозможува и потполно нов начин на управување во видео игрите.
HP Spout ќе започне да се продава на 9-ти ноември во САД, а неговата цена ќе изнесува 1.900 долари.
Погледнете ги и можностите кои ги нуди овој компјутер:
https://www.youtube.com/watch?v=IBnf_lHxPdE