Судејќи според новите фотографии кои што ги објави магазинот ”Daily Mail”, а кои веќе го освојуваат интернет светот, изгледа дека секојдневното појавување на Ким Кардашијан во јавноста нема да биде ништо поразлично од она на обичните девојки.
Благодарение на последната фотосесија на Ким, која што таа ја направи за потребите на магазинот “Paper”, светската опсесија со облините на најпознатата старлета ја доживеа својата кулминација.
Но, додека дел од луѓето велат дека таа изгледа одлично, голем е и бројот на оние кои што во оваа фотосесија пронајдоа одлична инспирација за најразлични шеги на сметка на старлетата, а повторно се разгореа и дебатите за тоа дали таа има вградено силиконски инпланти во својот задник.
Сепак, додека светот дебатира околу тоа дали оваа “позадина” е дело на мајката природа и напорните тренинзи на Ким Кардашијан или пак е дело на вештите раце на пластичните хирурзи, фотошоп мајсторите одлучиле да подготват неколку слики на кои што старлетата е прикажана како “обична смртничка”, односно има задник со нормални димензии.
Така, неколкуте најпознати фотографии на Ким Кардашијан, во кои што акцентот е ставен на нејзиниот задник, сега претрпеле одредени промени, па таа на истите е прикажана “рамна како даска”, а се поставува и прашањето: “Зар некој ќе знаеше за Ким Кардашијан, да не беше нејзиниот задник?!”.