Таа се вљуби во него, но тој не ја погледна додека не го направи најемотивниот гест

popara23 ноември, 20141min00
Таа се вљуби во него, но тој не ја погледна додека не го направи најемотивниот гест

Светот е полн со љубовни приказни кои чекаат да се остварат вистински. Но, некои луѓе се премногу срамежливи за да направат нешто да се случи и дозволуваат нивната вистинска љубов само да ги одмине.

Италијанската компанија за сладолед „Cornetto“ сними серија кратки видео приказни кои ќе ве освојат веднаш и ќе ве разнежат.

Идејата зад оваа серија на кратки видеа „Cupidity“ е дека секој сака да му биде возвратена љубовта, но ретко се случува како што се очекува.

Во оваа кратка приказна претставена е љубовната приказна на келнерката Лаура и момчето во кое таа случајно се вљубува.

За да ја забележи, таа при крај на смената почнува да пее песни кои самата ги пишува. Сите ѝ аплаудираат, но тој не ја ни забележува…како да не постои.

Таа не може да престане да го сака и да тагува што тој не ја ни погледнува, сè до еден ден кога забележува дека тој всушност е глувонем и воопшто не ја слушнал кога пеела.

Тогаш ѝ станува уште потешко што не знае како да му каже што чувствува. Но, помошта стигнува од оној од кој најмалку се очекува.

Еден ден забележува дека бездомникот на кого секојдневно му дава бесплатна топла супа, ѝ оставил книга со знаковна азбука.

Така успева целата песна да научи да ја покажува со знаци за глувонеми, само за тој да ја разбере и да ѝ возврати.

Она на што нè учи оваа приказна е дека понекогаш треба да го слушаме срцето и повикот на љубовта.

Не е важно како ќе кажете дека некого сакате, важно е да не го пропуштите.

Погледнете ја целата видео приказна:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag