Нема да поверувате што овој човек направил на врвот на оваа зграда

popara27 ноември, 20141min00
15
Доктор Жанг Ли на последниот кат на облакодерот во кој живее во Пекинг си направил приватна вила, но и планина како помалку би го оживеал и екстериерот!

Професорот од Пекинг, го купил токму станот во поткровјето на овој облакодер, и шест години ја градел својата приватна планина на врвот на зградата.

Жанг својот приватен рај го градел без дозвола и така ги довел во опасност животите на луѓето кои живеат во овој објект. Соседите поради големата бучава, прокиснувањата и пукањето на ѕидовите го пријавиле случајот кај надлежните, додека некои веднаш си го побарале спасот и се иселиле.

Како што се наведува во жалбата од соседите, нивните плафони веќе почнале да пукаат поради големата тежина, а се плашат и дека постои можност целата згрдата да се сруши. Одводот и цевките во овој објект се исто така оштетени.

Градската управа конечно се решила да го испита овој случај, како и безбедноста на изумот на овој професор. Ако се утврди дека е сепак небезбеден, Жанг ќе мора сепак да го сруши својот приватен рај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *