Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосиб Броз Тито, уште кон крајот на 1946 година “ги подарил” Косово и Метохија, како и сите други територии со мнозинско албанско население на Албанија и Енвер Хоџа.
Така, споменатиот српски портал објавил дека помалку познат бил фактот дека Јосип Броз Тито во интервјуата со странските новинари во периодот од 1945 и 1946 година отворено говорел дека Косово и Метохија, како и останатите делови каде што поголемиот дел од жителите се Албанци, ќе се спојат со Албанија.
Во разговорот со ”Associated Press”, во врска со Косово, Тито изјавил: “Доколку комунистите дојдат на власт во Албанија, Косово може да биде под ингеренција на Тирана“.
Албанскиот шеф на државата Енвер Хоџа отсекогаш истакнувал дека маршалот Тито кон крајот на месец јуни во 1946 година “лично му ветил” дека Косово ќе биде во составот на Албанија, како и другите краишта каде што Албанците се мнозинство, затоа што, едноставно ги сакал.
Сепак, на овие изјави никогаш не им се давало преголемо значење, затоа што односите помеѓу Тирана и Белград отсекогаш биле “на стаклени нозе”, па така и тогаш.
Според некои теории на завера, најблискиот соработник на Тито и неговата “десна рака”, Едвард Кардељ, при својата посета на Москва и СССР, лично на Сталин му соопштил дека Косово и Метохија ќе и бидат отстапени на Албанија.