Северина и Учитељице имаат нов хит – „Генерале“. Дејството се одвива на море во преубав летен амбиент.
– Прекрасно се дружевме на снимањето на спотот за „Генерале“ и не можевме да веруваме колку Севе е секси во живо. Одлично реагираше на нашиот спој на тамбури и виолини и вели дека со денови не и излегува од глава нашата заедничка песна. Добро се снајдовме, задоволни сме и ние и Севе – истакнуваат „Учитељице“ Матеа, Силвиа и Ана.
Северина на својата Фејсбук страница утрово напиша: Песната ме привлече на прва бидејќи е мелодична и ми се допадна стихот: „Генерале мој, ти пукаш во цивили“… врв! Тоа ќе го пееме сите жени.