Ако сте зависни од Facebook тогаш мора да ги знаете овие шест факти!

popara12 декември, 20141min00
8
Сите факти кои следат во продолжение ги потврдија и бројни истражувања, а некои од нив со сигурност и ќе ве изненадат.

Facebook според последните информации е и официјално најпопуларна друштвена мрежа на светот. Во нашата земја таа е неверојатно популарна и голем број на луѓе секојдневно минуваат и по неколку часа прегледувајќи ги статусите на своите пријатели и следејќи бројни групи и познати личност.

Ако сте токму и вие еден од милијардите корисници на Facebook, овие шест факти кои следат во продолжение дефинитивно би требало да ги знаете бидејќи тие се поткрепени и од научни истражувања.

Facebook профилот ја открива вашата личност

Профилот на оваа популарна друштвена мрежа открива колку сте отворени кон нови искуства, како и тоа дали сте анксиозни. Тој исто така може да открие и дали сте успешни во вашата работа.


Поголемиот дел од луѓето ве проценуваат врз основа на вашите фотографии

Верувале или не, фотографиите кои ги поставувате на Facebook можат да откријат колку ќе бидете среќни во наредните години, а од самите статуси на корисникот, популарната друштвена мрежа секојдневно знае колку луѓе се среќни.

Вашиот емотивен статус говори колку сте среќни

Мажите кои имаат статус дека се “во врска” и жените кои за својата профилна фотографија избираат некоја фототографија на која се заедно со својот партнер имаат и посреќна врска. Она што е уште поневеројатно е дека Facebook може со прецизност од 33 отсто да предвиди со кого ќе излезте следната недела.


Пријателите најчесто ги бришеме од Facebook кога споделуваат премногу нешта

Facebook главно ги промовира постовите на пријателите кои нам и не ни се толку блиски, а главна причина за бришење на личности од листата на пријатели е токму кога тие споделуваат премногу нешта кои нас и не не’ интересираат толку многу.

Сите го споделуваат само најдоброто на Facebook

Поголемиот дел од случувањата кои луѓето ги споделуваат на оваа друштвена мрежа се само од позитивен карактер и впрочем тоа е токму најдоброто за нивните животи, што нас често може да не’ доведе до заблуда дека тие живеат многу подобро и истото може да направи да се чувствуваме многу лошо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma