Дознајте кој убавец на четири тркала ќе биде „пријател“ на Џејсм Бонд во новиот филм

popara17 декември, 20141min00
Дознајте кој убавец на четири тркала ќе биде „пријател“ на Џејсм Бонд во новиот филм

Сите навикнавме во филмовите за агентот 007 да уживаме и во гледањето на секакви направи кои ги користи, а големо внимание на публиката привлекуваат и автомобилите кои ги вози. Во дваесет и четвртото филмско остварување за Бонд, кој ќе се вика „Спектар“, агентот ќе вози „Aston Martin”.


Автомобилот ќе биде специјално направен за Џејмс Бонд, а моделот „DB 10” кој ќе го провози во новиот филм, ќе биде направен во уште неколку примероци, па така оние кои што можат тоа да си го дозволат себе си, ќе имаат можност да го купат.

Компанијата засега не сакаше да открие многу детали за „Aston Martin DB 10”, освен тоа дека го покренува V8 мотор, а на конференцијата одржана за новинари на 3 декемви на која беше претставен автомобилот, само кажале: „Ќе видите што сè може, кога ќе го гледате филмот“.


Инаку, ова ќе биде дванаесетти пат Бонд, Џејмс Бонд да вози „Aston Martin”, а најпознатиот автомобил на овој агент е веројатно „Aston Martin DB 5”, кој го возеше во дури шест филмови.

Покрај „Aston Martin”, се шпекулира дека прочуениот агент во сцена која ќе се снима во Рим, ќе повози и „Fiat 500” – дали е тоа вистина или не, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag