„Кога немав што да изгубам, тогаш имав сè!“

popara24 декември, 20141min00
6

Многу цитати за љубовта, среќата, животот кои остануваат врежани во нашите мисли и кои често знаат да бидат животни насоки.

Иако многупати е цитиран, повторуван и прераскажуван, сепак секој негов цитат одново предизвикува посебно чувство.

1. „Ако нешто доволно сакате, цел универзум ќе се потруди таа желба да ви се исполни“.

2. „Кога немав што да изгубам, тогаш имав сè!“

3. „Што и да прави, секој човек има главна улога во својот живот. Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе почнете да го користите, може да почнете да го менувате светот“.

4. „Не му се предавајте на стравот. Ако го направите тоа ќе ја изгубите врската со срцето“.

5. „Постои само едно нешто поради кое нема да можете да ги остварите своите соништа, а тоа е стравот од неуспех“.

6. „Сè нешто ми вели дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам и да се вратам од таму каде што дојдов, бидејќи не сум имал доволно храброст за да го прифатам животот?“

7. „Вистински важните средби душите ги планираат многу порано пред да се сретнат телата. Најчесто тоа се случува кога ќе достигнеме некоја граница, кога треба да умреме и емоционално повторно да се родиме“.

8. „Постојат моменти кога во нашиот живот се случуваат неволји и ние тука не можеме ништо. Но, тие се тука со некоја причина. Дури откако ќе ги надминеме и преболиме, сфаќаме зошто биле тука“.

9. „Љубовта не може да се најде на кое било друго место освен во себе. Едноставно, треба да ја разбудиме. Но, за да ја пробудиме, потребна ни е друга личност“.

10. „Кога сакаме некого, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога ние се трудиме да бидеме подобри, сè околу нас станува подобро“.

mokni-citati-na-paolo-kueljo-koga-nemav-sto-da-izgubam-togas-imav-se-3.jpg

11. „Изгледа сите имаат јасна замисла за тоа како треба да изгледа животот на некој друг, само не знаат за својот“.

12. „Во љубовта, никој никого не губи, зашто никој никого не поседува. Тоа е поимот за слобода. Да ја имате најважната работа на светот, но да не ја поседувате“.

13. „Сетете се секогаш дека каде што ви е срцето, таму ви е богатството“.

14. „Во љубовта никој никого не може да повреди, затоа што секој е одговорен за своите чувства и не може да го обвини другиот“.

15. „Вие сте она што верувате дека сте“.

16. „Не се правдајте и немојте да се објаснувајте. На пријателите не им се потребни изговори, а непријателите секако нема да ви веруваат“.

17. „Ако секој ден го гледате исто, тоа може да ве заслепи. Секој ден е различен, секој носи некое чудо. Треба само малку повеќе внимание да му обрнеме на тоа чудо“.

18. „Мора да бидете онаа личност за која никогаш не собравте доволно храброст. Постепено ќе откривате дека сте токму таа личност, и сè додека тоа не го видите, мора да се трудите.

19. „Ако сакате да бидете успешни мора да почитувате едно правило: Никогаш не се лажете себе“.

20. „Јас пишувам од душа. Тоа е причината зошто критичарите не можат да ме повредат. Тоа сум јас. Ако не сум тоа што сум, ако се преправам како некој друг, тоа би ја нарушило рамнотежата во мојот живот, но јас знам кој сум.“

Пауло Коелјо

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag