Како да се заштитите од зрачењето на мобилните?

popara24 декември, 20141min00
11

Многу организации низ светот, меѓу кои и Светската здравствена организација (WHO) предупредуваат дека долгорочното користење на мобилни телефони може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Дали мобилните уреди се штетни или не, и од едната и од другата страна постојат бројни студии кои го докажуваат спротивното. Тоа е така бидејќи долгорочните последици од електромагнетното зрачење на организмот сè уште не можат да се согледаат, пишува Lockergnome.com.

Сепак, познато е дека долгата изложеност на електромагнетно зрачење со себе носи некои последици. Според некои истражувања, зрачењата можат да предизвикаат несоница, додека некои тврдат дека нуспојава на долготрајна употреба е неплодност кај мажите, па дури и карцином.

Во земји како Велика Британија, Канада и Франција се забранува користење на мобилни за деца помали од 12 години, а во неколку земји има предлози за забрана на Wi-Fi конекција во училиштата.

Но, кои чекори можеме ние да ги преземеме за да го избегнеме зрачењето што го емитира мобилниот уред?

1. Ограничете ја употребата само за поважни позиви.

2. Користете слушалки бидејќи тоа може да ја намали изложеноста на зрачење.

3. Кога сте во можност, користете го звучникот вклучен наместо да го држите телефонот на уво. Кога се наоѓате на мирно и приватно место, слободно можете да го положите телефонот во непосредна близина и на тој начин да разговарате.

4. Почекајте да добиете врска пред да го ставите телефонот на уво.

5. Носете го мобилниот во торба или ранче наместо во џеб.

6. Проверете дали има добар сигнал пред повик.

7. Одберете мобилен со SAR, мерка на степен на апсорпција на брановите во телесното ткиво.

8. Испраќајте текстуални пораки секогаш кога можете наместо да се јавувате, на тој начин заштедувате и време и пари.

9. Наместо да ве буди мобилниот, користете будилник.

10. Секогаш кога е возможно, поврзете се на Wi-Fi. Кога испраќате барање за податоци преку Wi-Fi врска, наместо преку базните станици, на мобилниот ќе му треба помалку време да воспостави врска за да ги прими податоците.

Додека науката се обидува да ги објасни сите импликации на технологијата и додека не даде цврсти одговори за тоа како точно влијаат мобилните на нашето здравје, не е лошо да ги запаметиме овие неколку начини кои се однесуваат на нашите навики за секојдневно користење на мобилните уреди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag