
Малку кој од нив некогаш можел да помисли дека ќе ја сними една од најголемите катастрофи на модерното време. Во страшното цунами кое тогаш го погодило регионот на Југоисточна Азија, загинале дури 230.000 луѓе.
Голем број аматерски видео снимки и денес сведочат за размерите на штетата и човековите жртви во најтрагичното цунами во историјата. Многу од луѓето, се до последен момент, кога веќе било предоцна, не можеле ни да разберат што се случува.
Во приложените аматерски снимки можете да видите и да се потсетите како изгледал моментот на ударот на огромните бранови и паниката која завладеала во тие моменти.
https://www.youtube.com/watch?v=1J8Feyr38Ss
https://www.youtube.com/watch?v=-5fKvN-RwKs
Комеморација за 10-годишнината – Земјите од југоисточна и јужна Азија кои пред 10 години биле погодени од најсмртоносното цунами во поновата историја, денес ја одбележуваат годишнината од оваа природна катастрофа во која животот го изгубиле околу 230.000 луѓе во дури 14 земји.
Во индонезиската покраина Аче, подрачје кое било најпогодено од цунамито, била одржана официјална комеморација организирана од потпретседателот Јусуф Кала. Кала им се заблагодарил на странските земји кои помогнале во обновата на Аче. “Никогаш не сум видел таква солидарност како таа по цунамито”, изјавил Кала.
“Дури и деца од целиот свет, од Германија до САД, ги кршеле своите касички и праќале пари за помош за жртвите од цунамито”. Индонезија била најтешко погодена од цунамито со околу 130.000 жртви.