Од кои хороскопски знаци треба да бегате?

popara15 јануари, 20151min00
11

Овните не одговараат со близнаци, риби и девица

Припадниците на овој знак постојано се создадени за љубов и нови искуства, а често поради брзоплетоста влетуваат во врска пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано кукаат, па такви не можат да ги освојат, а сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска е со рибите, кои за нив се пресентиментални, потоа со близнаците, бидејќи постојатно ќе се караат, како и со девиците, кои за нив се премногу комплицирани.

Бикот лошо се согласува со овен, стрелец и близнаци

Со припадниците на овој знак владее Венера, која ги прави одлични кандидати за врска, па тие навистина стануваат тоа дури со вистинскиот партнер, додека во меѓувреме можат да имаат многу безначајни афери. Ги одбиваат трачари и оние кои премногу се вплеткуваат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација е со стрелците, кои за нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и близнаците, кои се премногу непостојатни како и овните, со кои поради слична силна волја постојано ќе се препираат.

За близнаците не се добри бик, рак и риби

Припадниците на овој знак по природа се заљубливи, но брзо се одљубуваат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи, т.е. по нивното сфаќање досадни. За близнаците најлош љубовен спој е со бик, кого нема доволно да го ценат бидејќи не може да ги следи во животните предизвици и амбиции. Лош спој се и со ракот, кој за нив е премногу стабилен и предвидлив, но и рибите, чија емотивност често ги гуши.

Ракот е лош спој со Овен, Близнаци и Стрелец

За припадниците на овој знак љубовта е најубав додаток во животот, а бараат партнер кој е способен да се труди околу нив. Ги одбиваат егоистични луѓе кои не покажуваат доволно почитување спрема другите, ниту интересирање за нив. Раковите во љубовните врски најлошо ќе се согласуваат со Стрелци, и покрај големата привлечност, бидејќи во врската ќе се јавува несигурност, љубомора и кавги. Лош спој се и со Близнаци, кои за нив се премногу нестабилни, како и Овните, кои се премногу ориентирани на себе.

Лавот не одговара со близнаци, јарец и риби

Припадниците на овој знак тешко чувствуваат сигурност во љубовната врска, а сакаат на својот партнер да му бидат најважни на светот. Ги одбиваат оние кои постојатно се грижат и така пренесуваат лоша атмосфера, како и луѓето кои се склони на манипулации. Најлош љубовен спој е со близнаци, кои за нив се премногу изгубени во размислувањата, но и рибите, кои ненамерно ќе ги повредуваат. Лоша комбинација е со јарец, бидејќи лавот во односот ќе ја преземе доминантната улога, што јарецот нема да му прости.

За Девицата се лоши овен, вага и водолија

Припадниците на овој знак во раната доба ги совладуваат љубовните лекции, па со голема сигурност бираат потенцијален партнер. Сепак, тешко ќе донесат одлука за кого трајно ќе се врзат, а ги одбиваат паметни, пасивни луѓе и оние кои не се во состојба да се грижат за себе. Најлоша љубовна комбинација ја прават со овен, кои кон нив се поставуваат шефовски, како и со ваги, кои не се способни да ја разберат критичноста на девицата. Тешка љубовна ситуација ќе имаат и со водолиите, со кои односот е исполнет со проблеми.

На Вагите не им одговара девица, скорпија и рак

На припадниците на овој знак љубовта им е додаток на животот, од кој црпат мир и сигурност. Невозвратената љубов или односи кои не функционираат ги вознемируваат, а најмногу ги одбиваат партнери кои лажат и во кои не можат да имаат доверба. Вагите прават лош љубовен спој со девица, кои за нив се премногу комплицирани, како и скорпија, чија природа им е премногу песимистична. Нема да се согласуваат ниту со ракови, бидејќи имаат премногу традиционални уверувања за нив.

Скорпија не се согласува со овен, стрелец и близнаци

Припадниците на овој знак во себе носат вистинска страст спрема животот, која ја покажуваат и во љубовните односи, а потешко на врски кои ќе им пружат вистинско исполнување и надополнување. Ги одбиваат агресивни поединци кои сакаат да доминираат и да се истакнуваат. Скорпиите се најлоша комбинација со овен, со кои го делат темпераментот, што може да резултира со постојани кавги. Ништо подобро не се согласува ниту со близнаци, кои ќе ја поттикнуваат нивната љубомора, како ни со стрелците, со кои нема да се чувствуваат сигурно.

За стрелците најлош спој е со бик, рак и девица

Припадниците на овој знак и во љубовта се водат од политиката на се или ништо, а во недефинираните односи нема да ја губат главата, туку ќе си играат. Ги одбиваат луѓе кои се склони на меланхолија, како и оние кои дозволуваат да им ја кројат судбината. Стрелците се најлоша љубовна комбинација со бик, кои се за нив премногу посесивни, како и со рак, на кои им недостасува спонтаност. Ништо подобар не е ниту спојот со девиците, кои постојано ќе ги критикуваат стрелците и ќе ги натераат да се менуваат.

На јарец не му одговара овен, близнаци и стрелец

Припадниците на овој знак се претставуваат како љубовта да не им е важна, но само така се бранат од разочарувања. Ќе ги одбијат партнери кои немаат самоконтрола или кои се послаби од нив. За јарците лоша љубовна комбинација се овните, за кои мислат дека се премногу нестрпливи и лековерни, како и со близнаци, бидејќи сметаат дека немаат идеал кон кој тежнеат. Ништо подобра комбинација не е ниту со стрелец, кои во врска се покажуваат како нивна целосна спротивност.

На водолиите не им одговара бик, рак и девица

Припадниците на овој знак немаат проблем да се заљубат, туку во љубовниот однос функционираат така што не чувствуваат дека ја изгубиле својата слобода или можност за избор. Ги одбиваат луѓе кои немаат морал, па се предвидливи. За водолиите лоша љубовна комбинација е бик, бидејќи не можат да им пружат стабилност кон која бикот тежнее. Ништо подобро нема да се согласуваат ни со раковите, кои им се по малку здодевни, како ни со девиците, кои од нив бараат воведување ред.

Рибите најлошо се согласуваат со овен, лав и близнаци

Припадниците на овој знак се во потрага за партнер со кој ќе имаат љубов од соништата, а ќе ги одбиваат партнери кои се однесуваат неразумно и несфатливо и кои имаат површни погледи на животот. За рибите најлоша љубовна комбинација е овен, кои за нив се премногу агресивни и нетактични, како и со близнаци, кои немаат доволно разбирање за другите. Нема добро да се согласуваат ниту со лавовите, кои со нив можат да манипулираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag