Гејмер бил пронајден мртов во интернет кафе откако поминал три дена на играчки маратон. Настанот се случил во Тајван, а 32 годишниот Хсиех бил пронајден пред масата на која играл пукачка игра цели 72 часа.
Вработените првично мислеле дека спие, а дури кога еден од нив дошол да провери што се случува видел дека гејмерот не дише и повикал брза помош.
Хсиех бил редовен гостин и често заглавувал по неколку дена и кога ќе се уморел заспивал пред компјутерот. Докторите потврдиле дека починал од проблемите со срцето предизвикани од предолгото играње компјутерски игри.
Ова е втор ваков случај за две недели во Тајван.