Цеца Ражнатовиќ вчера попладнето го помина во Даночната управа, каде што разговарала со надлежните за приходите и даноците. Пејачката, како што пишува еден српски медиум, рекла дека најголемиот дел од богатството го наследила од сопругот, како и дека редовно ги подмирува долговите и нема причина за страв.
’Ме прашаа за она најелементарното во врска со работата, беа љубезни и пријатни. Разговаравме за моите настапи, плаќањето данок и им кажав дека си ги подмирувам своите обврски. Ги интересираше како функционира мојата работа, а настапите не можат да се скријат, тие се јавни и пријавени. Немам никакви проблеми, бидејќи сѐ работам според закон, рекла пејачката која дошла со адвокат, бидејќи како што вели, не се разбира во правни работи.“
Поголемиот дел од имотот (куќа, недвижнини на море и простор за музичко студио), како што рекла ги наследила од сопругот. Преку своите фирми земала и кредит. Даночен обврзник е и во Кипар, каде што плаќа данок на имот.